Три лица повредени во сообраќајка во Ваксинце

Сподели со своите пријатели

На 11.06.2019 година во 14.20 часот во село Ваксинце, општина Липково, на место викано „Хоџа чешма“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Мерцедес“ со германски национални ознаки,управувано од Н.С.(76) од Германија и патничко возило „Фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ј.Х.(27) од селото Ваксинце.

Loading...

Како што информираат од полицијата, во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Н.С. и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а на Ј.Х. му била укажана лекарска помош во Медицинскиот центар Куманово.

Во незгодата со телесни повреди се здобил и сопатникот во возилото „Мерцедес“, К.К.(66) од село Ваксинце.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Leave a Reply