Три лица повредени во сообраќајка во Куманово

Сподели со своите пријатели

Три лица биле повредени, од кои едно потешко, во сообраќајна незгода што вчера се случила во Куманово.

Loading...

– На 16.05.2021 околу 17.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од бул.„Трета македонска ударна бригада“, ул.„Бранко Богдански Гуцман“ и пат за с.Проевце се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „цитроен“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(72) од Куманово, во кое сопатник бил Л.П.(68) од Куманово и патничко возило „опел астра“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.Ј.(30) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

По незгодата сите учесници биле пренесени во Општата болница Куманово, каде кај И.Ј. и Л.П. биле констатирани повреди, додека кај Б.П. биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply