Три лица биле повредени, од кои едно потешко, при судир на две возила на крстосница меѓу регионалниот пат Куманово – Свети Николе и село Новосељане.
– На 21.08.2023 околу 07.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од регионалниот пат Куманово – Свети Николе и локалните патишта за с.Грабеш и за с.Новосељане се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „нисан“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.П.(49) од Струмица и патничко моторно возило „форд“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од М.П.(51) од село Конопница, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, по несреќата, возачот на возилото „форд“, М.П. и неговите сопатници Р.Т. и С.С. биле пренесени во Општата болница Куманово каде на Р.Т. му била констатирана тешка телесна повреда, додека на М.П. и С.С. им биле констатирани телесни повреди.
За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски