Три лица повредени во сообраќајка на патот Куманово – ГП Пелинце

Сподели со своите пријатели

На магистралниот пат Куманово- Граничен премин Пелинце, на место викано „Бели Грамаде“ вчера околу 17.30 часот, патничко возило „Сеат Ибица“ со бугарски национални ознаки, управувано од И.Д.(42) од Куманово, излетало надвор од коловозот и удрило во дрвo.

Loading...

Како што информираат од полицијата, во незгодата сопатничката Ј.Н. се здобила со тешки телесни повреди, додека возачот И.Д. и сопатникот Д.Д. се здобиле со телесни повреди.

Сите тројца со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во болницата во Куманово каде им била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Leave a Reply