Три лица повредени, откако „голф“ се преврте на патот Крива Паланка – Куманово

Сподели со своите пријатели

Три лица, од кои две потешко, се повредени, откако автомобил се преврте на магистралата Крива Паланка – Куманово.

Loading...

– На 20.02.2020 во 16.10 часот било пријавено дека на мaгистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во атар на селото Ругинце, патничко возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Е.Ј.(36) од Куманово, излетало од патот и се превртело, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките С.С.(41) и Н.Ј.(56), двете од Куманово, а со телесни повреди се здобила Е.Ј., по што биле пренесени во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply