Три лица од Куманово и едено од Липково не седеле во изолација, заработија кривични

Сподели со своите пријатели

Три лица од Куманово и еден жител на липковско ќе одговараат за прекршување на здравствените протоколи, откако полицијата не ги пронашла во нивните домови, каде требало да бидат во изолацијаЈ.

Loading...

– Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривични пријави против М.(35), С.М.(48), С.А.(32) тројцата од Куманово, Б.Џ.(24) од с.Липково, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавените, како што појаснуваат од полицијата, од 02.06.2020 до 01.07.2020, биле затекнати надвор од своите домови и не се придржувале кон воведената мерка „забрана на движење на подрачјето на Р.Северна Македонија“, со цел спречување на ширење на заразната болест Ковид – 19 и заштита на населението.

Никола Ивановски

Leave a Reply