Вкупно 19 казни виле напишани вчера на подрачјето на Куманово поради непочитување на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, додека за истиот период три лица го прекршиле полицискиот час.
– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (09.06/10.06.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 36 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.
Од вкупниот број издадени прекршочни налози во текот на изминатото деноноќие, најмногу се во Куманово 19, во Крива Паланка 10 и во Кратово 7.
За истите, како што појаснуваа тод Секторот за внатрешни работи Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.
Во истиот период 3 (три) лица не ја почитувале забраната за движење.
Никола Ивановски