Три лица го прекршиле полицискиот час ноќва во Куманово

Сподели со своите пријатели

Три лица во текот на ноќта го прекршиле полицискиот час во Куманово, додека по однос на прекршувањето на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето биле казнети 91 лице.

Loading...

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (06.05/07.05.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 132 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Најголемиот дел од издадените прекршочни налози се во Куманово 91, во Крива Паланка 26 и во Кратово 15.

За истите, како што појаснуваат од Секторот за внатрешни работи Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

За истиот период 3 (три) лица не ја почитувале забраната за движење.

Никола Ивановски

Leave a Reply