Три лица барани за издржување затворски казни приведени на Табановце

Сподели со своите пријатели

Во три одвоени случаи во текот на вчерашниот ден полициските службеници на Граничниот премин Табановце привеле три лица барани за претходно зидржување затворски казни, информираат од Министерството за внатрешнира боти.

Имено првиот случај бил регистриран вчера во 12.35 часот кога на граничниот премин „Табановце“  при пасошка контрола било констатирано дека Д.Д. (31) од Струмица се бара со мерка за спроведување во Казнено поправната установа – затвор Струмица. Истиот во 15 часот со потврда за предавање на лице е предадено на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Куманово за понатамошна постапка.

Вториот случај бил евидентиран неколку часа подоцна, односно во 16:10 часот кога при пасошка контрола било констатирано дека 33-годишен скопјанец со иницијали С.А. се пријавил за излез од државата, а претходно бил баран за спроведување до скопскиот затвор. истиот во 17.30 часот лицето со потврда за предавање на лице е предадено на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Куманово за понатамошна постапка.

Само десетина минути подоцна во 16:20 часот на истиот граничен пермин 42-годишен скопјанец со иницијали А.А. се пријавил да ја напушти државата а претходно бил баран со мерка за спроведување во скопскиот затвор. Истиот во 17:20 часот со потврда за предавање на лице бил предаден на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи -Куманово за понатамошна постапка.