Три куќи изгореа во пожар во село Мглинце (фото)

Сподели со своите пријатели

Непознат сторител денеска подметнал пожар во три куќи во село Мглинце, општина Старо Нагоричане. Поради непристапноста на теренот, противпожарната служба, не можела да стигне брзо и куќите изгореле.

Нема човечки жртви информираат вработените од Територијалната противпожарна единица, кои биле на терен и интервенирале во гаснењето на пожарите. На пожарникарите им помогнале и екипи на ЕВН кои со санки дошле до опожарените куќи.

 

Loading...

 

Во куќите во моментот на опожарувањето немало никој, а биле откриени трагови за кои се претпоставува дека се работи за маж, кој со бензин ги напрскал и ги запалил куќите кои се на различни локации.

Нема информации за висината на материјалната штета, а увид извршила полицијата од полициска станица во Старо Нагоричане. Селаните велат дека виделе непознато машко лице кој бил до куќите, но откако ги забележал селаните избегал. Мотивите за опожарувањете не се познати велат селаните.

 

 

Село Мглинце се наоѓа на македонско-српска граница, во козјачкиот регион. Во селото живеат околу 30 жители.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.