Три интервенции за 24 часа бележат кумановските пожарникари

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатото деноноќие, припадниците на Територијалната противпожарна единица Куманово бележат три интервенции во своето работење, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во период од 14:30 до 14:50 со едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалена сува трева и стрниште на улицата „Доне Божинов“, поточно кај Спомен Костурница.

На запалена сува трева интервенирале и во Долно Којнаре и тоа во период од 17:42 до 18:30 со едно противпожарно возило и тројца пожарникари.

Нешто подоцна, односно во период од 19:20 до 21:10 часот интеревенција, кумановските пожарникари, бележат и во атарот на селото Ваксинце, поточно кај месноста викано Сува река, каде со едно противпожарно возило и тројца пожарникари гаснеле запалено стрниште, сува трева и ниско стеблеста шума.

Причината за избувнување на пожарите, како и висината на материјална штета засега се непознати.

 

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.