Три интервенции на кумановските пожарникари вчера

Сподели со своите пријатели

Територијалната противпожарна единица Куманово во изминатите 24 часа бележи три интервенции на гаснење помали пожари на отворено, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Loading...

Првата интервенција била во селото Никуштак на опожарен смет каде ТППЕ интервенирала од 13:30 до 14:50 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари.

Втората интервенција ја бележан на опожарена деградирана шума и грмушки , помеѓу селото Отља и селото Матејче од 15,00 до 16,55 часот.

На овој пожар интервенирале тројца пожарникари со едно возило. Причината за избувнување засега е непозната.

– Третата интервенција била на опожарена сува трева во атарот на селото Проевци, односно локалитетот Живкова карпа, каде горела сува трева. Тројца пожарникари интервенирале во период од 16:45 до 17:30 часот.

Leave a Reply