Три интервенции бележат кумановските пожарникари во текот на изминатото деноноќие, на запален оџак, племња и бандера.
Loading...
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, првата интервенција била на запален оџак во ресторан, каде интервенирале од 18:00 до 18:40 часот со едно противпожарно возило и четворица пожарникари.
Племња со балирано сено и слама горела во атарот на селото Липково. Таму во период од 18:15 до 20:45 часот интервенирале тројца пожарникари со две противпожарни возила.
Електричен столб се запалил на улицата „Миле Кипра“. Четворица пожарникари интервенирале во период од 00:50 до 01:25 часот.
Никола Ивановски