Три идеи за брз и здрав појадок!

Сподели со своите пријатели

Овие неколку совети покажуваат како набрзина можете да подготвите здрави и едноставни обрози за што поквалитетен почеток на новиот ден.

Loading...

Јајце – омилена намирница

И нутриционистите велат дека јајцата се меѓу најкорисните прехрамбени производи. Можат да се подготват на безброј начини, а наједноставно е варањето, кое трае околу три минути.

Ако сакате да подготвите меко варени јајца, потребно да пред самото варење да направите дупчење на лушпата од јајцето.

Вишокот воздух ќе излезе надвор, со што ќе се спречи пукањето. А додека јајцата се варат, набрзина направете некоја сезонска салата со сирење.

 

 

Loading...

Житарици – основа на секоја исхрана

Денот може да го започнете со житарици. Важно е да изберете житарици кои содржат влакна и протеини, бидејќи тие подолго одржуваат чувство на ситост. Една од најздравите житарици е овесот. Кашата од овесни снегулки може да се подготви со топло мело или со јогурт.

На оние кои не им се доаѓа вкусот, може да додадат и коцка темно чоколадо, кое дури го подобрува протокот на крв и го намалува нивото на холестерол. Наместо снегулки во јогуртот или млекото можете да додадете и здробен интегрален кекс.

Доколку во метеж заминете од дома без појадок, понесете барем пакување кекс од цели житарки, кои можат да послужат како идеална замена за појадок.

 

 

Банани – здраво дополнување на појадокот

Loading...

Жолтото овошје секогаш е извор на скроб. Тоа е здрав јаглехидрат кој долго ќе ве држи заситени. Затоа како идеален едноставен појадок направете грапе од банана. Доволно е да излубите и ставите во блендер заедно со млеко и шеќер, исмешајте се заедно и потоа разладете во фрижидер.

Бананите содржат и калиум кој помага во намалувањето на крвниот притисок, што одговара за лицата кои патат од хиптертензија. Бананите можат да се додаваати во сегулките од житарици.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *