Три државни прваци и еден вицепрвак од Куманово на Малите олимписки игри

Сподели со своите пријатели

Малите Олимписки игри се повеќе од успешни за учениците и наставниците од основните училиштата од Општина Куманово.

Loading...

Како што истакна градоначалникот Максим Димитриевски, градот има вкупно три државни прваци и еден вицепрвак.

 

 

– Општина Куманово ја претставуваа учениците и наставниците од општински основни училишта: ООУ „Браќа Миладиновци”, ООУ „Крсте Мисирков” и ООУ „Наим Фрашери” при што остварија навистина одлични резултати, рече градоначалникот.

 

Loading...

 

Учениците од „Браќа Миладиновци” се државни прваци во ракомет (машки), од „Крсте Мисирков” станаа државни прваци во футсал (женски).

 

 

Државни прваци во фудбал, категорија мажи, се учениците од „Наим Фрашери“, додека истото училиште е вицешампион во категоријата футсал мажи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Каква е излезноста во Старо Нагоричане до 15 часот?

 

Loading...

 

Мали олимписки игри за основните училишта се во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, а домаќини на игрите беа општините Богданци, Валандово и Дојран.

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Никола Ивановски