Три дена пред свадбата побегнала со неговиот најдобар пријател

Сподели со своите пријатели

Џулија Робертс блескаше во Холивуд кон крајот на 80-тите и раните 90-ти, а водела љубовен живот кој според многумина не отстапува премногу од приказните во филмовите во кои таа е актерка.

Loading...

Благодарение на филмот „Челични магнолии“ доби номинација за Оскар и прв Златен глобус во кариерата, а розите и цветаа и на приватно поле. Во тоа време таа се заљубила во колегата од филмот, Дилан Мекдермот, а парот поминал две години во врска. Дилан клекнал, но свршувачката не траеладолго. Пред да имаат шанса да го кажат судбоносното „да“, Џулија го оставила Дилан за нејзината следна љубов.

 

 

Таа го запознала својот колега Кифер Сатерленд на снимањето на „Flatliners“. Сатерленд тогаш бил оженет и имал дете со сопругата, но од љубов со позната убавица оставил се. Тие биле во врска помалку од една година пред да ја објават свршувачката, но три дена пред венчавката која ја чекаше цел свет, Робертс ги шокираше сите.

Таа ја откажа венчавката и исто како во филмот „Невестата бега“, побегнала со најдобриот пријател на Сатерленд, Џејсон Патрик. Таа се дружела со Џејсон додека снимала во Ирска, а не требало долго да почнати искри меѓу нив. И на Кифер Сатерленд му било скршено срце, па морал да ја откаже венчавката на 150 гости и да им се извини на медиумите.

 

Loading...

 

„Тој се преправаше дека е мој најдобар пријател, а всушност ја заведуваше мојата девојка која требаше да ми стане сопруга“, изјави Кифер за магазинот People. Сепак, врската на Џулија со Патрик не траеше долго, а по него била со многу познати мажи додека не се смирила со сегашниот сопруг Даниел Модера.

Неколку години подоцна, нејзиниот доверлив сопруг Кифер се смирил со својот најдобар пријател. Тој искоментирал дека и двајцата се заљубиле во иста девојка во исто време, но додал дека тоа е нешто што секому може да му се случи..