Израелската полиција синоќа соопшти дека три бомби експлодирале, а уште две се деактивирани на различни локации каде што биле паркирани автобуси во централен Израел.
Loading...
„Ова се идентични експлозивни направи со тајмери. Три експлодираа, а две беа лоцирани и неутрализирани. Ова е настан од големи размери што се случува на неколку места“, изјави за новинарите полицискиот претставник Хаим Саргароф.
Израелските власти соопштија дека премиерот Бенјамин Нетанјаху ќе одржи состанок на владата по инцидентот.
Засега нема извештаи за евентуални жртви.