Обемот на трговската размена меѓу Кина и Русија во мај достигна највисоко ниво од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.
Loading...
Според податоците што денеска ги објави кинеската царина, двете соседни земји минатиот месец оствариле трговска размена од 20,5 милијарди долари (19,2 милијарди евра).
Кинескиот увоз од Русија изнесува 11,3 милијарди долари.
Зголемената глобална инфлација, заканата од рецесија на други места и геополитичките тензии со САД ја ослабнаа побарувачката за кинески производи.
Но, трговијата на Кина со Русија го потисна инаку лошиот тренд за Пекинг.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.