Тревога во Брисел: Добиле закани за бомби, Американците испратиja предупредувања

Сподели со своите пријатели

Kонтролите и полициското присуство беа зголемени во бриселското метро, ​​откако Европската комисија прими пораки на руски јазик со наводни закани за бомбашки напад.

Loading...

Претставници на Комисијата ја контактирале полицијата откако вчера добиле порака за напад наводно планиран за денеска, јавува РТЛ.

Белгискиот национален кризен центар предупредува дека пораките не се веродостојни, но ги сфаќаат многу сериозно.

Поради пораките и американската амбасада упати предупредување до своите граѓани во кое ги повика да бидат повнимателни кога патуваат низ градот.