Третина од активното време го посветуваме на мобилните апликации

Сподели со своите пријатели

Луѓето поминуваат во просек 4,8 часа дневно на своите мобилни телефони, според компанијата за аналитика на пазарот на апликации App Annie.

Loading...

Извештајот на App Annie покажува дека апликациите биле преземени 230 милијарди пати во 2021 година, додека за нив биле потрошени 170 милијарди долари.

 

 

ТикТок беше најсимнуваната апликација на глобално ниво, а луѓето поминувале 90% повеќе време во неа во споредба со 2020 година.

Аналитичарската фирма предвиде дека ТикТОк ќе надмине 1,5 милијарди активни месечни корисници до втората половина на оваа година.

Просечното време поминато на мобилни апликации било четири часа и 48 минути, што е за 30% повеќе од 2019 година.

Loading...

 

 

Ова се пресметува на десет пазари, вклучувајќи ги Индија, Турција, САД, Јапонија, Мексико, Сингапур и Канада.

Корисниците во Бразил, Индонезија и Јужна Кореја надминале пет часа дневно.

Оттогаш, седум од секои 10 минути се трошат на социјални мрежи, фото и видео апликации, а ТикТок е лидер во оваа област, се вели во извештајот.

 

Loading...

 

Минатата година, британското регулаторно тело Офком излезе со слични бројки во својата анализа, но го брои и времето поминато во гледање телевизија.

App Annie вели дека се помалку корисници гледаат телевизија, а се повеќе се свртуваат кон апликациите.