Трета награда за Центарот за развој на североисточен плански регион

Сподели со своите пријатели

Центарот за североисточен плански регион со седиште во Куманово денес ја доби третата награда откако беа доделени награди од областа на туризмот и образованието за најиновативен проект за регионален развој, што го реализира Министерството за локална самоуправа, во соработка со Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) и со швајцарската Агенција за соработка и развој (СДЦ).

Loading...

Признание за најиновативните, зашто во една голема конкуренција, само најиновативните ќе можат да обезбедат средства за финансирање на нивните проекти, рече министерот за локална самоуправа, Лирим Шабани.

-Оваа 2015-та, е година во која што Министерството за локална самоуправа, со поддршка на Владата и во соработка со Центрите за развој, исклучително беше фокусирано на подобрување на вкупниот амбиент за развој на планските региони. Направени се измени на Законот за рамномерен регионален развој, со што се создадени и законски услови за оддржливо финансирање на Центрите за развој во наредниот период. Во сите осум плански региони се воспоставени Бизнис центри за поддршка на потенцијалните и постојните мали и средни претпријатија.

Наградите за првите три најдобри проекти ги врачи Државниот секретар за локална самоуправа, Билјана Цветановска Гугоска.

Прва награда, во вредност од 110 илјади денари, доби Центарот за развој на југоисточниот плански регон за проектот Ревитализација на дел од крајбрежјето на Дојранско езеро – Стар Дојран.

Втора награда, во вредност од 90 илјади денари, доби Центарот за развој на вардарскиот плански регион за проектот Модернизација на предучилишно образование во општините од вардарски плански регион со програми за правилен психо-физички развој.

Трета награда, во вредност од 80 илјади денари, доби Центарот за развој на северо-источниот плански регион за проектот Изградба на регионално туристичко биро со дополнителни активности за уредување на излетнички места и зголемување на туристички капацитети.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.