Трет ден како бегалците од Авганистан не се пропуштаат во Македонија

Сподели со своите пријатели

Вкупно 616 странски државјани во текот на изминатото деноноќие побарале потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил во РМ, јавува МВР.

 Според  државјанството, потврди се издадени на 393 државјани на Сирија и на 223 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан.

Во изминатото деноноќие,  до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од почетокот на годината заклучно со 23 февруари, азил во Република Македонија побарале 21 лицe (14 од Сирија и седум од Авганистан).

 

Loading...