Тренерот на Волфсбург поднесе оставка

Сподели со своите пријатели

Мартин Шмит си поднесе оставка од позицијата тренер на Волфсбург, соопштија од клубот.

Од управата на германскиот прволигаш наведуваат дека се изненадени, но дека по интензивни преговори ја прифатиле неговата оставка.

– Би сакале да му заблагодариме на Мартин Шмит за работата која ја заврши и му посакуваме се најдобро, професионално и лично, изјави директорот на клубот Тим Шумахер.

Волфсбург, кој не така одамна беше и шампион на Бундеслигата, во моментов се наоѓа на 14. позиција и се бори во зоната за опстанок.

Минатиот викенд „волците“ загубија на домашен терен од Баерн, откако примија гол од пенал во последната минута.

Шмит само пет месеци беше на клупата на Волфсбург. /МИА


Leave a Reply