Тренерот Љубисав Луковиќ се враќа на кормилото на КК Куманово

Сподели со своите пријатели

Кошаркарскиот Клуб ”Куманово 2009” и  официјално за старо – нов шеф на стручниот штаб го назначи Љубисав Луковиќ.

Луковиќ по едногодишна пауза се враќа во Куманово на местото на досегашниот тренер Страшко Тодоровиќ, и ќе се обиде тимот да го задржи таму каде му е местото, во врвот на македонската кошарка.

Loading...

Прва задача според информациите е да се задржи поголемиот дел од играчкиот кадар кој минатата сезона играше во финалето на плеј – офот во македонскиот шампионат.

Со Костовски, Луковиќ , Мандиќ и останатите, Куманово повторно ќе биде опасен конурент на сите фронтови каде ќе настапува.

Постои и голема веројатност кошаркарскиот тим на Куманово да го гледаме како претставник од Македонија во Еврокуп кој ќе биде под капата на ФИБА.

Љубисав Луковиќ е татко на кошаркарот Урош Луковиќ, кој досега настапуваше во дресот на КК Куманово.

Фото: спорт.ком.мк


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.