Трчаше по Брзата помош се до болницата: Оваа куче покажа што значи вистинска љубов (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Луѓето на интернет се согласуваат – овој гест на љубов и лојалност уште еднаш покажа зошто кучето е најдобриот пријател на човекот.

Loading...

Верно куче од Турција ги допре срцата на луѓето ширум светот откако потрча по брзата помош во која беше неговата сопственичка.

Имено, на сопственичката ѝ се слошило и со возило на брза помош била пренесена во болница, пренесува новинската агенција ТРТ Хабер.

Жената имала доволно сила сама да влезе во возилото, но на нејзиното куче не му било дозволено. Но, тоа не го спречило да ја следи брзата помош до болницата.

Кога стигнале до болницата, кучето било пречекано внатре и надгледувано од болничкиот персонал додека на неговата сопственичка ѝ била пружана помош.

Верното куче едноставно не сакало да се оддалечи од вратата зад која се наоѓала неговата сопствениќа и останало да чека таму.

 

Loading...

Leave a Reply