Транзитниот камп на Табановце ќе добие нови тоалети

Сподели со своите пријатели

Според информациите од вчерашниот одржан кординативенс останок на Центарот за управување со кризи и невладините организации најавено е дека за две недели ќе се изградат два нови тоалети.

Имено, едниот од нив ќе биде во административниот дел, додека вториот ќе се постави во близина на контејнерите покриени од DRC, додека за нефункционалните тоалети поставени во близина на нивните контејнери се бара изведувач кој ќе изврши поправка и доработка за да вториот биде пуштен во употреба.

Поради реакции на месното население на локацијата на поставената септичка јама сега ќе се вршат поправки на постоечката бетонска јама.

Според информациите на Министерството за транспорт и врски во камповите на Табановце има присутни петмина Сомалијци и шест лица од Мароко. Таму е и жената чиј што сопруг бегалец пичина во кумановската болница, која поради загубените документи не е во можност со својот син да го продолжи патувањето.

Според информациите на Центарот за управување со кризи во изминатото деноноќие во камповите на Табановце минале 637 бегалци. Мајки со деца –дел од нив сместени во бараките, а околу 30-мина биле сместени во првиот шатор, а останатиот дел го продолжиле своето патување.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.