Транзитниот центар Табановце цела ноќ без електрична енергија

Сподели со своите пријатели

Транзитниот центар Табановце ноќеска остана без електрична енергија, откако поради поправки на далноводот и повторно паѓање на склопката, целиот камп осамнал во мрак до утринските часови.

Како што јавува РЦУК во дневниот извештај, после полноќ струјата била повторно пуштена, но поради квар, кампот останал без елекрична енергија до утринските часови.

Инаку, во текот на изминатите 24 часа од страна на ДДД служба при ЦЈЗ Куманово извршена e дезинфекција на 18 вагони -3600 м.кв на Железничка станица Куманово.

Извршена е дезинфекција и  на 800 м.кв.простор со објекти во пунктот за помош на мигрантите во Табановце.

Loading...

ЈЗУ Општа болница Куманово нема евидентирано лице – бегалец кој побарал здравствена заштита.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.