Транзитниот центар на Табановце ќе добие 12 контејнер куќички

Сподели со своите пријатели

Во Транзитниот центар на Табановце во текот на изминатите 24 часа поставени се 2 агрегата за потребите на истиот како и за потребите на Министерството за внатрешни работи, информира раководителот на Регионалниот центар за управување со кризи.

Loading...

Поставен е уште еден контејнер во административниот дел за потребите на Миграциониот транзитен центар. Денес затворен е главниот шатор на кампот со лимена конструкција и веќе е ставен во употреба.

Од утре ќе се започне со припремање на 800 метри квадратни простор кој ќе се згради и тампонира за поставување на 12 контејнер куќички,кои ќе служат за за ранливите категории на мигранти.­ мајки со деца, кои се донирани од Интернационалната органзиација за миграција (ИОМ) и ќе пристигнат во текот на следната недела.

Сите лица ­мигранти со посебни потреби се префрлени до границата со возилата на Црвен крст до 11,00 часот. Во моментот има околу 30 мигранти кои се сместени во ИКЕА модулите.

Во текот на вчерашниот ден Центарот за јавно здравје има дезинфицирано 800 метри квадратни простор во кампот по барање на Невладиниот сектор.

Од утринава пристигнати се два воза првиот во 07,00 ч. а вториот во 10,00 ч. Совкупно со 1300 мигранти. Во текот на вчерашниот ден имало над 80 лица кои побарале прва медицинска помош.