Транзитниот бегалски центар на Табановце се уредува забрзано

Сподели со своите пријатели

Нови куќички за одмор на мигрантите како и два магацински контејнери се поставени во транзитниот бегалски центар на Табановце, информира РЦУК Куманово во дневниот извештај.

Loading...

12185509_10153320943588655_1278655647273545638_o

Покрај монтирањето на привремените објекти, во текот на вчерашниот ден, од страна на епидемиолошката служба на ЦЈЗ е направен увид во објектот за водоснабдување и е утврдено
дека е воспоставен систем за хлорирање на водата со течен хлор, при што се земени два примерока на вода, и тоа од  чешмата на Железничката станица и од чешмата во пунктот за помош на мигранти.

При увидот, утвредено е дека и покрај редовното отстранување на отпадот од контејнерите во пунктот, има потреба од итна набавка на соодветна амбалажа за собирање на медицински отпад создаден при интервенциите на тимот на Црвен Крст.

Транзитно прифатниот центар Табановце се уредува забрзано со поставување на неопходната инфраструктура и дополнителни монтажни објекти за потребите на мигрантите при нивното транзитирање, како и за ангажираниот персонал од страна на субјектите од Центарот за управување со кризи, Црвениот крст и НВО и Меѓународни  хуманитарни организации  и граѓански здруженија, се вели во дневниот извештај РЦУК Куманово.

Од страна на волонтерите на наведените организации, при секое пристигнување на групите  бегалци – мигранти, на истите им се дава храна, облека  и други потребни средства и услуги.

 Се преземаат посебни напори и мерки за пружање помош на инвалидизираните лица , лицата со посебни потреби и други ранливи категории.

 

Loading...