Трансродова ученичка започна да користи блокатори за пубертетот: На чекор од промена на полот

Сподели со своите пријатели

Дванаесетгодишно транс-девојче од Рамсгејт, Велика Британија, започна третман на одложување на пубертетот, бидејќи, како што вели нејзината мајка, таа знаела „од три години“ дека сака да биде женско.

Loading...

Роден како момче, Еш Ламин се го започна долгиот пат на транзиција во жена и е еден од најмладите во државата што го презел овој чекор.

Таа детално го истражувала процесот и рече дека во одреден момент во иднина би сакала трансплантација на матка, за да може да биде мајка кога ќе биде постара.

Нејзината мајка, Тери Ламин (43) изјави дека Еш „инсистирала дека е девојче од моментот кога прозборувала“.

фото: Facebook printscreen

– Кога таа имаше три години, ми рече „Јас сум момче затоа што ти ми даде име на момче – ти си виновна“. Се сеќавам дека се чувствував ужасно затоа што таа ме обвини мене“, рече Тери и додаде:

– Никогаш не сум сретнала нешто слично и само го прифатив та. Единствената мисла ми беше таа да биде среќна, тоа беше главното.

Loading...

Еш, која легално го сменила своето име во Ешли кога има осум години, ќе започне да прима блокатори на хормони за да го запре пубертетот, сè додека не наполни 18 години. Потоа, таа ќе одлучи дали сака да биде извршена операција за промена на полот.

Блокаторите на пубертетот можат да бидат препишани на секое дете кое страда од пореметување на родовиот идентитет уште од десетгодишна возраст. Досега во Велика Британија, повеќе од 1.000 пубертети биле подложени на блокаторска терапија и околу 230 од тие деца се на возраст под 14 години.

Пред 2011 година, децата можеа да преземат блокатори на пубертетот само по 16-годишна возраст, но правилата станаа полесни со зголемувањето на бројот на деца кои ги набавуваат во странство.

„Патувањето е долго и се уште трае, но чувството за победа ме води низ сето ова“, рекла Еш додека раскажувала за оваа искуство.

Leave a Reply