Трансплантација на главата станува реалност до 2030 година

Сподели со своите пријатели

Идејата за пресадување глава на ново тело ја прогонува научната фантастика уште од Франкенштајн, но денес се чини дека оваа идеја не е само фантазија, туку прашање на време.

Loading...

Трансплантацијата на главата би можела да стане реалност до 2030 година, според Брус Метју, поранешен началник на неврохирургија во болницата Кингстон-он Хол.

Во интервју за „Сандеј телеграф“, докторот објаснува дека додека работеле со писателот Мајкл Ли на роман на научна фантастика, дошле до овие идеи.

– На почетокот тоа беше само идеја и изгледаше прилично глупо, но тогаш сфатив дека не е така. Ако заедно направите трансплантација на глава и ‘рбетниот мозок, не е невозможно “, рече тој.

Метју рече дека трансплантација на роботски тела, исто така, ќе биде можна во иднина со помош на овој метод.

Во моментот, неколку научници се обидуваат да ја претворат трансплантацијата на глава во реалност, фокусирајќи се на методите што го одделуваат ‘рбетниот мозок, што е наречено „крајно смешно“ од страна на британскиот неврохирург кој извршил повеќе од 10.000 операции.

Leave a Reply