Трамп: Знаев дека Израел ќе го нападне Иран, но ние не учествувавме

Loading...
Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп денес за Фокс њуз изјави дека однапред знаел дека Израел планира да го нападне Иран, но јасно стави до знаење дека американската војска не учествувала во таа операција.

Тој ја повтори својата надеж дека Иран ќе продолжи со преговорите со САД за ограничување на неговата нуклеарна програма.

„Иран не може да има нуклеарна бомба и се надеваме дека ќе се вратиме на преговарачката маса, ќе видиме“, изјави тој за Фокс њуз.

„Има неколку луѓе во раководството на Иран кои нема да се вратат на преговарачката маса“, рече Трамп и потврди дека неколку ирански функционери се убиени во израелскиот напад, објави Би-Би-Си.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Моментот кога Израел го разнесе нуклеарниот комплекс во Иран (ВИДЕО)

Тој додаде дека неговата администрација контактирала со клучен сојузник од Блискиот Исток за да го информира за нападот, но не кажа која земја е вклучена.

Израел денес започна напад врз Иран, за кој се сомнева дека сака да произведе атомско оружје, насочен кон постројки за збогатување ураниум.

Високи ирански воени функционери беа убиени во нападите.