Трамп зеде лопата и засади МАГАнолија во градината на Белата куќа (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот засади младо дрво во градината на Белата куќа и го нарече МАГАнолија по неговиот слоган Направете ја Америка повторно голема.

Loading...

Засадената магнолија го замени најстарото дрво во резиденцијата на американскиот претседател, она што пред речиси два века го засади поранешниот американски лидер Ендрју Џексон во чест на неговата почината сопруга.

Отстранетата магнолија „беше во многу лоша состојба“ и стануваше опасна, објасни Трамп минатиот месец.

Тоа дрво не се опорави целосно од инцидентот во 1994 година, кога американски возач на камион киднапираше авион Цесна и неуспешно слета во градината на Белата куќа, удирајќи во дрво и притоа умре.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  За кого беше наменет третиот стол во базиликата „Свети Петар“? Зеленски и Трамп не беа сами?

Новинарите немаа пристап до садењето на новото дрво, но Белата куќа сподели фотографии од републиканецот како ја копа земјата со златна лопата.

Администрацијата на националните паркови објави дека повеќето американски претседатели симболично засадиле дрвја во градината на Белата куќа од 1870 година.

 

Loading...