Трамп: За Иран е подобро да преговара за фер договор

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека е подобро властите во Иран да продолжат да преговараат со Соединетите Американски Држави.

На прес-конференција во Белата куќа, на прашањето дали има порака за народот на Иран, Трамп рече дека за иранските власти „подобро е да преговараат за фер договор“, според Ројтерс.

Тој додаде дека народот на Иран е многу различен од своите лидери и жали за она што режимот ѝ го направил на нивната земја.

Трамп ја предупреди иранската влада дека „подобро е да преговара за фер договор“, додека размислува за употреба на воена сила, како што претходно најави неколку пати.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Србија ги повика своите граѓани што е можно поскоро да го напуштат Иран

На 17 февруари, во Женева се одржаа меѓупреговори меѓу делегациите на САД и Иран за иранската нуклеарна програма, додека првата рунда разговори се одржа во Оман на 6 февруари.