Трамп за Бајден: Тој е најкорумпираниот претседател во американската историја

Сподели со своите пријатели

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го обвини актуелниот претседател Џозеф Бајден дека е „најкорумпираниот претседател“ во историјата на таа земја.

Loading...

– Џо Бајден е најкорумпираниот претседател во историјата на САД, што неспорно се докажува секој ден во Претставничкиот дом – напиша Трамп на својата социјална мрежа „Truth“.

Тој ги критикуваше и колегите од Републиканската партија, прашувајќи зошто раководството на Републиканците во Сенатот не се изјасни и не го прекори Бајден.

– Зошто републиканското раководство во Сенатот не се изјасни и не ги прекори нечесните Џо Бајден и радикалните левичарски демократи, фашисти и марксисти за нивните криминални дела против нашата земја, од кои некои беа извршени и против мене – додаде Трамп.

Тој праша „колку долго Америка треба да чека Сенатот да дејствува“.

Трамп во моментов е водечки републикански кандидат

Републиканскиот сенатор Чак Грасли го објави документот минатата недела, велејќи дека потекнува од информатор на ФБИ.

Во споменатиот документ, како што го објави Њујорк пост, се наведува дека украинскиот олигарх платил по пет милиони долари на Џозеф Бајден и неговиот син Хантер.

Во документот, како што додава њујоршкиот весник, се наведува дека сопственикот на гасната компанија „Буризма холдингс“ Никола Злочевски на доушник на ФБИ во 2016 година му рекол дека бил „принуден“ да им плати на Бајден 10 милиони долари.

Loading...

Трамп во моментов е водечки кандидат на републиканците за претседател на САД, а според последните анкети, доколку имаше реванш со Бајден, двајцата повторно ќе беа во неизвесна трка.