Доналд Трамп во четвртокот му кажа на својот персонал дека сака да знае кој дал информации на свиркачот за неговиот телефонски разговор со Володимир Зеленски.
Трамп посочи дека секој што давал информации за неговиот телефонски разговор бил „скоро шпион“ и со „шпионите“ поинаку се постапувало во старите денови, пренесува „ујорк Тајмс“, повикувајќи се на неименуван извор запознаен со коментарите на Трамп. Ројтерс.
Откако неименуван свиркач изјавил дека Трамп побарал од Зеленски да го истражи синот на неговиот противкандидат , Џозеф Бајден, само неколку дена по замрзнувањето на воената помош од скоро 400 милиони американски долари за Украина, американскиот Конгрес започна истрага дали американскиот претседател треба да биде отповикан.
Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом на Соединетите држави во четвртокот објави извештај од страна на свиркач со кој се отстрани ознаката за доверливост.
Истрагата треба да утврди дали Трамп ја злоупотребил позицијата со тоа што побарал странска помош да му наштети на неговиот ривал.
Трамп изјави дека не сторил ништо лошо и дека е во тек „најголемиот лов на вештерки во историјата“.
Зеленски рече дека не сака да се меша во американската политика и дека единствената личност што можела да влијае врз него е неговиот шестгодишен син.
Хилари Клинтон рече дека претседателот Доналд Трамп ги „изневерил“ САД, нарекувајќи го „опасност“.
The president of the United States has betrayed our country.
— Hillary Clinton (@HillaryClinton) September 25, 2019
That’s not a political statement—it’s a harsh reality, and we must act.
He is a clear and present danger to the things that keep us strong and free.
I support impeachment.
Претседателот на Претставничкиот дом, Нанси Пелоси, од Демократската партија, исто така, започна официјална истрага за тоа дали треба да се отповика Доналд Трамп.
Судскиот комитет на Претставничкиот дом предводен од Џеролд Недлер е клучен, бидејќи тој ќе го преземе водството во составување и прегледување на членовите за отповикувањето што ќе биде доставено до Претставничкиот дом на гласање.