Трамп: Северна Кореја е проблем кој ќе биде решен

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп изјавил дека Пјонгјанг претставува проблем „кој ќе биде решен“, додека растат шпекулациите и најавите дека Северна Кореја би можела да биде на работ на шестата нуклеарна проба веќе во сабота.

Одговарајќи на прашањето каква е неговата порака за Северна Кореја, американскиот лидер вели дека таа земја е проблем за кој треба да се погрижат, пренесува „Ројтерс“.

Трамп додава и дека е уверен дека кинескиот лидер Си Џинпинг „работи многу напорно“ да помогне во решавањето на тој предизвик. Истакнува дека поминал многу време со него минатата недела на Флорида.

 

Loading...