Трамп се откажа од карантин, во САД над 100.000 заразени

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп се откажа од идејата за карантин на државите Њујорк, Њу Џерси и Конектикат заради пандемијата на коронавирусот.

Loading...

„Карантинот нема да биде потребен“, напиша Трамп на Твитер.

Нов најлош ден во Шпанија, починаа 838 луѓе

Во меѓувреме, американскиот центар за контрола и превенција на болести ги предупреди граѓаните на Њујорк, Њу Џерси и Конектикат да не се движат во тие држави во наредните 14 дена, освен ако е неопходно.

Со повеќе од 123.000 заразени, САД се први во светот според бројот на заболени, при што бројот на починат надминува 2.200, соопшти агенцијата.

Њујорк и натаму е најголемо жариште на вирусот, со повеќе од половина од заразените, а податоците од саботната ноќ на државата велат дека повеќе од 52.000 лица се заразени во државата Њујорк.

11 жртва на коронавирус во Србија

Њујорк Тајмс спроведе истражување на повеќе од 50 научници, службени лица и лекари и процени дека САД загубија цел месец во дилема дали започнат со масовно тестирање и ја потценуваа епидемијата.

Loading...

Наместо да ги направат постапките за тестирање полесни и помасовни, тие дополнително се искомплицирани и наместо да го стават под контрола вирусот на почетокот на март, тој се шири слободно низ целата земја, заклучува весникот.

Leave a Reply