Трамп: САД воведуваат дополнителни санкции против Иран

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата администрација ќе воведе дополнителни санкции за Иран по минатонеделниот напад врз саудиските нафтени објекти, за кои администрацијата на САД го обвини Техеран.

Loading...

Говорејќи во Овалната канцеларија за време на средбата со австралискиот премиер Скот Морисон, Трамп рече: „Само што воведовме санкции кон иранската национална банка“, објави АП.

САД тврдат дека Иран започнал напад врз саудиските нафтени објекти.

Саудиска Арабија објави дека „Иран несомнено го спонзорираше“ нападот.

Иран негира дека е инволвиран на кој било начин во нападот, за кој Хаутите во Јемен ја презедоа одговорноста.

Сепак, аналитичарите наведуваат дека користените ракети немале доволен опсег за да стигнат до Јемен.

САД веќе применуваат голем број санкции кон Иран откако американската администрација се повлече во ноември од нуклеарниот договор во 2015 година.

Сепак, секретарот за финансии на САД Стивен Мнучин рече дека најновите санкции покажуваат дека САД продолжуваат да вршат максимален притисок, велејќи: „Сега ги отсековме сите средства на Иран“.

Loading...

Leave a Reply