Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба денес во Флорида, каде се очекува удар на ураганот „Доријан“ во наредните два дена.
Со таа одлука, Трамп одобри федералните агенции да обезбедат соодветна помош при итен одговор во Флорида за да им помогнат на локалното население, соопшти Белата куќа.
Националниот центар за урагани претходно издаде предупредувања за северозападниот дел на Бахамите, со пристигнувањето на „Доријан“ што се очекуваше во недела, на 1 септември, како бура од трета категорија.
Ураганот потоа може да го засили интензитетот на невреме од четврта категорија и ја погоди Флорида во понеделник, 2-ри септември.
Гувернерот на Флорида, Рон Десантис, веќе прогласи вонредна состојба и ги повика граѓаните да складираат храна и вода за најмалку седум дена.