Трамп попопуларен од Бајден

Сподели со своите пријатели

На следните претседателски избори во САД во 2024 година, Доналд Трамп ќе го победи Џо Бајден, покажува истражувањето на колеџот Емерсон.

Loading...

Поранешниот претседател има предност од три процентни поени во однос на сегашниот станар на Белата куќа, бидејќи 44 отсто од испитаниците изјавиле дека ќе го поддржат Трамп, додека 41 отсто од нив би го поддржале Бајден.

Околу 10 отсто од анкетираните се изјасниле дека ќе поддржат трет кандидат, додека четири отсто сѐ уште се неопределени.

Станува збор за промена на расположението на Американците, имајќи предвид дека резултатите од ноемвриското истражување на Емерсон покажаа дека Бајден е пред Трамп (45-41 отсто).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина може да биде поразена до крајот на годината, предупреди ЦИА

Патем, реваншот меѓу овие двајца политичари е сè поверојатен, бидејќи повеќето демократи и републиканци наведуваат дека би го поддржале Бајден или Трамп како претседателски кандидат на нивната партија.

Мнозинството демократи и републиканци сакаат да ги видат овие двајца како претседателски кандидати на нивните партии на изборите во 2024 година.

Околу 58 отсто од демократите сметаат дека Бајден треба да биде кандидат на Демократската партија, а 55 отсто од републиканците го наведуваат Трамп како идеален претседателски кандидат на Републиканската партија, покажуваат резултатите од истражувањето на Емерсон.

Трамп има голема предност кога е во прашање евентуалниот дуел со неговиот сопартиец и гувернер на Флорида, Рон Десантис.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американците ставија вето за прием на Палестина во ООН

Во исто време, и покрај предвидениот пораз од Трамп, рејтингот на Бајден се подобри, па сега работата на неговата администрација ја поддржуваат 44 отсто од испитаниците наспроти 39 отсто во ноември минатата година.