Трамп: Подготвени сме за Иран

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повторно го „прозва“ Иран во врска со нападот врз саудиските нафтени објекти, ставајќи ги во прашање тврдењата на Техеран дека тие немаат никаква врска со нападот.

Loading...

– Запомнете кога Иран го сруши беспилотното летало, тврдејќи дека е во нивниот „воздушен простор“ и не беше ни близу. Тие се држеа до таа приказна, знаејќи дека е голема лага. Сега велат дека немаат никаква врска со нападот во Саудиска Арабија. Ќе видиме? – напиша Трамп на Твитер.

Два дена по нападот врз нафтените постројки „Сауди Армако“, светските економски и политички лидери разговараат за импликациите за несигурниот нафтен пазар и како ќе се развива ситуацијата откако САД тврдат дека Иран стои зад нападот, а не Хутите кои ја презедоа одговорноста.

Соединетите држави објавија сателитски слики, како и тврдења од разузнавачи дека Иран е виновен за нападите врз саудиските нафтени објекти, пренесува Би-Би-Си.

Иран отфрла секаква вмешаност во нападите во саботата, за кои одговорност презедоа јеменските бунтовници, кои Иран инаку ги поддржува, но неименуваните американски официјални претставници во интервју за САД и странски новинари рекоа дека насоката и степенот на нападите предизвикуваат сомнеж во вмешаноста на Хутите.

Доналд Трамп рече дека Соединетите Американски Држави се подготвени „како пушка“ за потенцијален одговор на нападите врз саудиските нафтени објекти.

Нападот врз фабриката Саудиска Арамо го парализира производството на повеќе од половина од глобалниот дневен извоз на Саудиска Арабија и повеќе од пет проценти од светското производство на сурова нафта во светот.

Leave a Reply