Трамп официјално ја прифати номинацијата: Се кандидирам да бидам претседател на цела Америка

Сподели со своите пријатели

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и официјално ја прифати номинацијата за кандидат на претседателските избори на конвенцијата на Републиканската партија, нагласувајќи дека се кандидира да биде претседател на цела Америка, а не само на половина од земјата.

Loading...

Трамп, кој носеше голем бел завој на десното уво, во говорот на конвенцијата во Милвоки истакна дека нема победа ако се освои само половина Америка.

Зборувајќи за нападот што го доживеа на митингот во Пенсилванија, Трамп рече дека не треба ни да биде на конвенцијата во Милвоки, туку дека, како што рече, „Господ бил на негова страна“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што е хронична венска инсуфициенција, нарушување кое му беше дијагностицирано на Доналд Трамп?

„Крварев насекаде, а сепак некако се чувствував многу безбедно бидејќи Бог беше на моја страна“, им рече тој на илјадниците поддржувачи на конвенцијата.

Поранешниот претседател рече дека несогласувањата и поделбите во општеството мора да се излечат.

„Мораме брзо да дејствуваме. Како Американци ние сме обврзани со заедничка судбина. Се креваме заедно или се распаѓаме“, рече Трамп.

Тој, исто така, ги поздрави своите поддржувачи кои беа очевидци на неговиот атентат и побара едноминутно молчење во спомен на загинатиот поранешен пожарникар Кори Комператоре, кој беше во публиката на митингот во Пенсилванија кога беше застрелан Трамп.

Трамп потоа отиде до униформата и шлемот на Комператоре кои беа изложени на сцената и ја бакна кацигата на пожарникарот.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп во центарот на скандалот околу писмо до Епштајн од 2003 година

Поранешниот претседател уште еднаш повика на помирувачки тон, нагласувајќи дека не треба да се демонизираат разликите и различните мислења.