Трамп одби да учествува во интервју за телевизијата Си-Би-Ес „60 минути“

Сподели со своите пријатели

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп одби да учествува во интервју за „60 минути“ на CBS News, па во шоуто ќе учествува само кандидатката на демократите Камала Харис.

Loading...

Си-Би-Ес ги покани претседателските кандидати на одделни интервјуа кои ќе бидат емитувани пред изборите во ноември, објави АП.

Тимот на 60 минути рече дека кампањата на Трамп првично се согласила на интервјуто.

Харис и Трамп учествуваа на дебатата на 10 септември. Иако Харис ја прифати поканата на Си-Ен-Ен за втора дебата подоцна овој месец, Трамп не го стори тоа.

Вчера, Си-Би-Ес беше домаќин на потпретседателската дебата меѓу републиканскиот сенатор од Охајо, Џеј-Ди Венс и демократскиот гувернер на Минесота, Тим Волц.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лавров: САД го охрабруваат проширувањето на воената зона на Блискиот Исток