Трамп објави фотографија со Исус како го прегрнува

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, објави нова фотографија на која е прикажан во друштво на Исус Христос, кој го прегрнува.

На својата социјална мрежа Truth social, тој сподели фотографија со Исус, додека во позадина може да се види американското знаме во силна светлина.

– На радикалните левичарски лудаци можеби нема да им се допадне ова, но мислам дека е прилично убаво – рече Трамп со сликата.

Пред неколку дена, Трамп објави фотографија на која беше прикажан како Исус, која ја избриша по бројните критики.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран им се закани на САД со затворање на Црвеното Море и Персискиот Залив