Трамп: Ништо нема да ме спречи повторно да се кандидирам!

Сподели со своите пријатели

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека ништо нема да го спречи повторно да се кандидира за претседателските избори во 2024 година.

Loading...

– Ништо нема да ме спречи. Треба повторно да ја зајакнеме нашата земја, која отиде во пеколот. Работите брзо се влошија. Ја сакам нашата земја и ќе го направам она што е правилно за неа“, изјави Трамп за Newsmax, одговарајќи на новинарско прашање за тоа што може да го спречи да се кандидира.

Според анкетите на јавното мислење од минатата недела, повеќето Американци се подготвени да гласаат за поранешниот американски претседател Доналд Трамп, пренесува РИА Новости.

На прашањето кога би гласале доколку изборите се одржат тој ден, 42 отсто му изразиле поддршка на актуелниот претседател Џозеф Бајден, а 44 отсто на Трамп.