Трамп: Лажна вест е дека снемувам пари за претседателската кампања

Сподели со своите пријатели

Претседателот на САД Доналд Трамп денеска демантираше дека останал без пари за кампањата пред изборите закажани за 3 ноември.

Loading...

Трамп на Твитер напиша дека постојано чита лажни вести.

„Се пишуваат разни лаги за мене, дека немам пари за кампањата“, напиша Трамп, наведувајќи дека „дури и сето тоа да беше вистина, јас би ги користел своите пари за кампањата, убеден дека ќе бидам реизбран на 3 ноември“.

„Дури, имаме толку многу пари што е многу поголема сума отколку на претходните избори, а сепак, потрошивме значително помалку пари од расипаната Хилари (Клинтон). И покрај сè, лесно победивме”, напиша Трамп.

Сања Костовска

Leave a Reply