23.02.2017 22:34

Трамп ќе го проширува арсеналот на нуклеарно оружје

Facebook Twitter Google+

Претседателот на САД, Доналд Трамп, рекол дека сака да го прошири арсеналот на нуклеарно наоружување за тоа да биде најголемо во светот, додајвајќи дека Соединетите Американски Држави заостануваат зад другите светски сили кога е во прашање капацитетот на атомското вооружување.

Во интервју за Ројтерс, Трамп исто така се пожалил на инсталирање на руските крстаречки ракети наведувајќи дека тоа е во спротивност на договорот за контрола на вооружувањето и вели дека овој проблем ќе го изложи и пред Владимир Путин кога, но и ако се сретнат.

На вториот фронт, Трамп вели дека Кина би можела да се избори со заканата од Северна Кореја по нивната национална безбедност многу лесно доколку тоа го сака и така го подигнал притисокот на Пекинг за да се изврши поголем притисок за намалување на акциите на Пјонгјанг.

Трамп исто така истакнува дека е многу лут на Северна Кореја поради балистичките ракетни проби и додава дека забрзувањето на одбранбениот систем за американските сојузници, Јапонија и Јужна Кореја е една од многуте расположливи опции.

 


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments