Трамп индиректно најави кандидатура за претседател на САД

Сподели со своите пријатели

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп најави дека наскоро ќе донесе одлука за повторно кандидирање на претседателските избори и најави дека „многумина ќе бидат среќни“.

Loading...

Така тој во интервју за индиската телевизија НДТВ индиректно ја објави својата кандидатура за претстојните претседателски избори во 2024 година.

„Сите сакаат да се кандидирам. Водам во истражувањето“, рече тој, пренесува Танјуг.

Трамп рече дека води во анкетите и кај републиканците и кај демократите.

„Ќе донесам одлука во многу блиска иднина. Верувам дека многу луѓе ќе бидат многу среќни“, нагласи тој.

Трамп ги повтори своите претходни тврдења дека е „украден“ на последните избори поради големи изборни манипулации.

„Има многу докази, огромен број докази“, рече Трамп.