Трамп: Имам многу проблеми со ЕУ

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе и се спротивстави на Европската унија, како што вели, поради нечесните трговски политики кон САД.

Трамп бара построго спроведување на трговските регулативи и минатата недела потпиша закон за царини од 30 отсто на соларните панели, што е прва од повеќето најавени трговски рестрикции.

– Имам многу проблеми со ЕУ и тоа може да произлезе во нешто многу поголемо, гледано од аголот на трговијата. Не можеме да ги протуркаме своите производи и тоа е многу тешко. Тие сепак испраќаат свои производи, без данок или со многу малку данок. Тоа е многу некоректно, рекол Трамп за британски ITV.

Американскиот претседател истакнал дека ЕУ во овој случај не е осамена.

– Можам да именувам бројни земји кои го прават истото, но ЕУ е многу нечесна кон САД, додал Трамп.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.